Агелер: Наскоро, едно или две имиња на црната листа на САД

За неколку месеци се очекува да се додадат едно или две имиња на американската црна листа. Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, продолжува да биде критична кон нивото на корупција во земјава. Според неа, во Македонија корупција во некоја форма се случува секој ден, а додаде дека таа и нејзиниот тим прават се за да го намалат нивото на криминал и корупција.
„Корупцијата во некои нејзини форми се случува секој ден, така што има луѓе кои вреди да се земат предвид, додека бидејќи системот во Вашингтон е многу внимателен во овој дел, потребно е време за криминални истраги, за да се увериме дека не се става некој на списокот што не припаѓа на таа листа, така што тоа е променливо, но мислам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња, и тоа ќе биде процес што ќе продолжи“, рече амбасадорката Агелер.
Иако Агелер рече дека меѓу нејзините главни цели за време на нејзината служба како амбасадор во земјата е да ја зголеми довербата на граѓаните во судството и борбата против корупцијата, на новинарското прашање дали со тоа можат да се борат судии и обвинители кои се членови на семејства на политичари , таа потсети на строгите закони против непотизмот во САД.
Прашање: „Дали мислите дека децата и другите членови на семејствата на политичарите ќе можат да се борат против корупцијата и криминалот, бидејќи многу од нив беа на списокот на Академијата за судии и јавни обвинители?“
„Тој конкретен список нема да го коментирам, амбасадата не е дел од ова, ние не одредуваме кој во која институција е сместен. Но, можам да ви кажам дека во САД, законите за непотизам се многу, многу строги и верувам дека се важни“, вели Агелер.
Според најавите, од американската црна листа нема да избегаат ниту поранешни функционери на претходната власт, ниту сегашни функционери.
Од друга страна, предметите што ги покрена поранешното специјално обвинителство секојдневно застаруваат, а дел завршуваат со спорни пресуди. Кренар Љога, кој даде низа ветувања во насока на намалување на криминалот и корупцијата во земјава, веќе една недела е на чело на Министерството за правда. Во моментов само 4 отсто од граѓаните имаат целосна доверба во судството во земјава.
Ардит Рамадани