Агелер: Не ми е познато конкретно руско влијание, но сигурна сум дека постои
Агелер: Не ми е познато конкретно руско влијание, но сигурна сум дека постои

Американската амбасадорка Ангела Агелер, на прашањето за евентуалното руско влијание врз изборниот процес во земјата, рече дека не е запознаена со некој конкретен случај, но според неа, руското влијание не постои само кај нас, туку генерално е присутно во регион. Овој коментар Агелер го даде на потпишувањето на меморандумот со Министерството за образование за имплементација на програмата „Фулбрајт“ за академска размена.
„Не сум свесна за некое експлицитно и специфично влијание, како што кажавте. Јас сум уверена дека тоа е тука, бидејќи генерално го има во регионот, но мислам дека она што е најважно како што се движиме во кон овој изборен период е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања за кандидатите и да ги земат предвид нивните приоритети, кога ќе гласаат. Тоа за мене е најважно и секако да се едуцираат себе си за процесот и за кандидатите, без разлика кој би можел да се меша, тоа е најважната алатка која ја имаат“ рече Агелер.