ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Нема повторно преговарање на преговарачката рамка за ЕУ

Агелер: Нема повторно преговарање на преговарачката рамка за ЕУ

Американската амбасадорка Ангела Агелер нагласува дека нема повторно преговарање за Договорот од Преспа и за преговарачката рамка на ЕУ. Агелер во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е задоволна што премиерот и министрите го употребиле зборот „Северна“ во својата заклетва и вели дека сега фокусот треба да се стави на други приоритети и да се оди напред.

„Тие договори се направени. За Преспа нема повторни преговори. Нема повторни преговори на патот кон ЕУ. Ова е јасно. И има разлика, помеѓу она што се зборува во кампањата, она што беше кажано неколку години порано и она што се зборува отсега понатаму. Приоритет за нас во Амбасадата на САД во Скопје и за Вашингтон е сега да продолжиме напред кон многу од тие важни приоритети за земјата. Чувствувам дека има одредена доза на одвраќање и освојување поени во однос на тоа кој, што, каде и како го кажел тоа но важен дел е да се почитуваат меѓународните договори, што премиерот рече дека ќе го направи, и да продолжиме напред”, рече Ангела Агелер, амбасадор на САД.

Агелер зборуваше и за корупцијата. Вели дека е точно дека власта ветила борба против корупцијата .Таа ја оцени како интересна идејата за разрешување и реизбор на Судскиот совет.

„Искрено, не знам. Мислам дека е интересна идеја. Мислам дека напорот за отстранување на политизацијата при пополнувањето на овие совети е многу важен, но како тоа ќе се случи, ние како и вие чекаме да видиме каков е предлогот за пополнување на овие позиции. Мислам дека е корисно што постои патоказ во извештајот на ЕУ. Има многу издржани предлози од луѓе од ЕУ кои дојдоа во земјата, го разгледаа судскиот совет и другите судски институции и дадоа свои препораки како тоа може да се направи и да остане во рамките на стандардите на ЕУ“, додаде Ангела Агелер, амбасадор на САД.

Во текот на изминатата недела Агелер се сретна со некои од новите членови на извршната власт од кои доби уверување дека ќе продолжат по европскиот пат и ќе продолжат да ја поддржуваат Украина./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button