ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Нема законска обврска ДУИ да биде во влада

Американската амбасадорка Анџела Агелер нема разбирање за поплаките на ДУИ дека изборот на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со „Вреди“ наместо со нив, како коалиција што освои повеќе мандати, е кршење на духот на Рамковниот договор. Во интервју за „360 степени“ таа кажа дека победникот е тој што ги избира партнерите, но и дека „Европскиот фронт“, како и „Вреди“, биле коалиција. На крај, според неа, важно е дека во владата има диверзитет.

„Партијата која победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум дека владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира“, изјави Агелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button