ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Нема законска обврска ДУИ да се вклучи во Владата

Американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер ја поздравува најавата на мандатарот Христијан Мицкоски за употреба на уставното име, при заклетвата како нов премиер и при посетите во странство. Агелер рече дека во име на САД се надева оти викендов ќе се случи токму тоа што го вети Мицкоски.

Advertisements

„Беше обесхрабрувачки за раководството во Вашингтон кога претседателката одлучи да не го користи уставното име на земјата за време на заклетвата, и искрено она што ќе го направат премиерот и идните министри е за поздравување. Променет е деловникот на Собранието со цел да се воведе уставното име и зачудена сум од она што го гледам, и многу сум задоволна и го поздравувам неговиот јавен настап, во кој рече дека ќе го почитува уставното име на државата во текот на заклетвата. Да видиме како ќе се користи. Но, ќе ви кажам една работа, во име на САД, многу се надевам дека тоа ќе се случи викендов и уставното име ќе се користи соодветно кога тој и министерот за надворешни работи и другите ќе бидат во Брисел, или за време на некои идни средби, а особено за време на самитот на НАТО во Вашингтон“, рече Агелер.

Запрашана за одлуката на ВМРО да коалицира со ВЛЕН, а не со ДУИ, Агелер во интервју за 360 степени вели дека нема законска обврска партијата на Ахмети да биде дел од Владата.

„ВМРО-ДПМНЕ за партнер го избра ВЛЕН, кој исто така е коалиција како и Европскиот фронт предводен од ДУИ. Имав разговори за ова со голем број функционери на ДУИ и други, и нема законска обврска за тоа со кого коалицирате… Задоволна сум што Владата е составена од различни групи а нема законска обврска ДУИ да стане дел од Владата. Знам дека има прашања во однос на легитимноста, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во државата и тоа е нивно право“, додава Агелер.

Американската амбасадорка нагласи дека многу луѓе се изненадени од изборните резултати. Според Агелер, во секој демократски процес ова е јасен показател дека граѓаните на Северна Македонија сакаат промени, сакаат да го променат начинот на справување со корупцијата, економијата и сакаат да чувствуваат надеж.

Арта Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button