ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството

-Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно, за граѓаните на оваа држава, ве молам, искористете го овој момент, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја  поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности.

Advertisements

Ова го истакна Анџела П. Агелер, амбасадорка на САД, во воведното излагање на тркалезната маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ што се одржа во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Таа ја поздрави денешната дебата во Уставниот суд, која рече со внесување на јавноста, ја зголемува транспарентноста, а тоа е и почеток да се воспостави повторно довербата во судството и неговите одлуки.

-Транспарентноста не само што гради доверба, туку истовремено може да помогне да се зајакне врховната потреба за и основната улога на независноста во судството. Уставот се основа за демократските институции во оваа држава и гарант на правата и слободи на нејзините граѓани. Улогата на независен Уставен суд е да го поддржи ова со свои одлуки и таа е исклучително важна за една здрава демократија. Не верувам дека преувеличувам кога ќе кажам дека ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд, туку и за вашите колеги насекаде во судството и најважно за граѓаните на оваа држава. Ве молам, искористете го овој момент, ве молам запамете за кого работите и зошто сте поставени тука и ве молам, за тие кои сте судии, запаметете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судуии и обвинители насекаде во судството поскаувам да ја гледате оваа постапка. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристарсна и вкоренета во уставните вредности, порача амбасадорката Агелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button