ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Ставањето на Груби на црната листа не е случајно, докази има

Агелер: Ставањето на Груби на црната листа не е случајно, докази има

Вклучувањето на Артан Груби на Црната листа на Соединетите Американски Држави не е случајно, му претходеше процес, изјави американската амбасадорка Ангела Агелер во подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација.

Advertisements

„Кога нечие име и официјално ќе биде ставено на списокот, кога ќе биде објавена таа одлука, можам да ви гарантирам дека процесот е суштински. Тоа не беше случајно и не беше политички мотивирано. Тоа не е поттикнато од политичкиот тајминг. Ништо од ова. Кога Вашингтон ќе го заврши процесот, тогаш се објавува“, изјави Ангела Агелер, амбасадорка на САД.

Агелер вели дека амбасадата не е правосуден орган или им диктира на институциите што треба да се направи, но рече дека има докази за случајот Груби кој се најде на црната листа за примање мито за да го спаси од кривично гонење поранешниот шеф на тајната полицијата Сашо Мијалков.

„Доказите се тука и голем дел од нив. Од нив е можно да се создаде случај, од она што е достапно овде и во близина на регионот. Од тука, ако ние во амбасадата се надеваме дали тоа ќе се случи? Да, но, исто така, ние не сме судски тела и не можам никому да диктирам, но се надевам дека ова ќе поттикне некоја акција. И морам да кажам дека овој, последен случај на санкционирање, изгледа предизвика големи реакции и мислам дека е добра работа“, рече Ангела Агелер, амбасадорка на САД.

Агелер беше директна кога му порача на Груби дека ако мисли дека е во право, тогаш нека се врати и да се соочи со правдата, додавајќи дека луѓето кои немаат што да сокријат не бегаат.

„Ако немате што да криете, тогаш вратете се и докажете го тоа. Овде има правен процес и дел од тој процес започна со Груби во врска со некои од наводите што се изнесени. Ако нема што да крие, треба да се врати и да се соочи со последиците“, изјави Ангела Агелер, амбасадорка на САД.

Артан Груби од 16 декември минатата година не е достапен за органите на правдата, додека неговата локација се уште не е позната и покрај тоа што првиот човек на ДУИ во изјава за медиумите рече дека најверојатно се наоѓа во албанска територија. Ахмети во име на Груби побара гаранции за продолжување на судскиот процес. Да биде поголема иронијата, кога две години по ред се ставени високи функционери на црната листа на САД, ДУИ инсистира на ветинг на судии и политичари, барајќи гаранции за неселективно судење за функционери кои стратешкиот партнер САД ги стави на црната листа.

„Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го сретнал, добар е. Неговата локација е сè уште, се разбира е некаде на албанска територија. Тоа е процес кој мора да има епилог. Артан Груби не побегнал од Македонија. Артан Груби е подготвен да одговара пред органите на правдата, да ги почитува законите, но не со одмаздничка и селективна правда“, нагласи Али Ахмети, лидер на ДУИ.

„Многу сум свесна кога луѓето ме лажат в лице и тоа е жално, но повторно знам дека не треба премногу да верувам во она што го велат“, рече Ангела Агелер, амбасадорка на САД.

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button