ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња. Таа нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.

Advertisements

Во изјава за медиуми по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.

– Црната листа на САД е многу динамична, постојано се дискутира за имиња. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве верувам дека додека зборуваме има имиња кои се земени предвид и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата, рече амбасадорката.

Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување на корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, таа порача да се почитуваат.

„Немам конкретни детали, но ќе нагласам дека е важно овие коментари и препораки да бидат внимателно разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата“, посочи Агелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button