Агелер: Заложбите за реформи во судството ги чинеше даночните обврзници на САД половина милијарда долари

Судските реформи во Македонија ги чинат американските даночни обврзници околу половина милијарда долари. Затоа, амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, при презентацијата на препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, ги повика сите инволвирани страни да работат заедно за создавање на вистинска судска реформа. Агелер рече дека мора да се обнови довербата во судството, како и транспарентноста во судските постапки.
„Се вели дека „ зборувањето е без пари“, и обично тоа е точно. Но, три децении американски ангажман и помош во разговори за реформи во владеењето на правото, обука на судии и обвинители и поголема соработка меѓу судството, граѓанското општество и граѓаните и функционерите во оваа земја? Ова не беше без пари. Тоа нас не чинеше околу половина милијарда долари пари на даночните обврзници. Затоа, да го преименуваме денешниот договор во „Повик за акција “. Ајде да се обврземе да го направиме овој план повеќе од само еден документ што треба да се потпише и архивира. Судиите, обвинителите, министрите, членовите на парламентот и лидерите на граѓанското општество, дури и дипломатите, треба да ги земат во предвид неговите препораки и потоа да работат заедно за да создадат вистинска судска реформа “, рече Агелер.
Дарко Аврамовски од коалицијата „Сите за правично судење“ рече дека платформата „Подобрување на учеството на партиите вклучени во процесот на реформи во правосудството“ има за цел координација меѓу судиите и јавните обвинители, градење на заеднички ставови во однос на важни проблеми и прашања од областа.
Дел од препораките се однесуваат на промена на практиките и пристапот на постапувањето на јавните обвинители и самите судии.
Ајнур Бафќари