ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агенција за медиуми: Предложените имиња за членови се партиски?

Агенција за медиуми: Предложените имиња за членови се партиски?

Сомнежите во јавноста дека предложените имиња за членови во агенцијата за медиуми се партиски, а не професионални решенија ќе бидат предмет на истрага и на антикорупционерите. Од комисијата за спречување на корупција за Алсат потврдуваат дека веќе се истражуваат овие наводи.

Advertisements

„Во Државната комисија за спречување на корупцијата оформен е предмет за наводите изнесени во Вашето новинарско прашање. Постапката по предметот е во тек„, велат од ДКСК.

Собраниската комисија за избори и именувања на 29 јануари ги утврди седумте кандидати кои се најдоа на конечната листа како предлози да станат членови на Советот на Агенцијата за медиуми. Но, набргу по објавувањето на нивните имиња пристигнаа првите реакции од јавноста и новинарските здруженија со обвинувања дека станува збор за политички избор. Беа оспорени неколку имиња од оваа листа како она на Нафије Селмани, која до 2021 година беше во претседателството на Алтернатива, иако според законот, именувани лица не можат да бидат оние кои биле активни во политиката во последните 10 години. Контроверзен е и изборот на Афрона Верзиволи која беше разрешена како главен ревизор на ИПА фондовите токму од актуелната влада поради непоседување на сертификат за работа. На седницата на на комисијата за избори и именувања комисискиот филтер го поминаа Виктор Павловски, Сашо Стефановски, Петар Ѓуровски, Афрона Врзиволи, Нафије Селмани, Цветанка Миновска, Гордана Мајнова. Мандатот на членовите на Агенцијата за медиуми сега изнесува пет години. Тие ќе бидат вработени и ќе земаат околу 2.700 евра месечна плата, надоместоци за патни трошоци и дневници за службено патување.

Изборот треба да помине на пленарна седница со двотретинско мнозинство, при што, мора да има и мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои им припаѓаат на заедниците што не се мнозинство./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button