ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе засилени вонредни контроли во угостителските објекти

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе засилени вонредни контроли во угостителските објекти

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе засилени вонредни контроли во угостителските објекти во туристичките центри низ земјата, како и во Скопје, со посебен фокус на Бит-пазар и Старата скопска чаршија.

Advertisements

Инспекторите утврдиле сериозни нерегуларности, вклучувајќи недостатоци во одржувањето на хигиената, отсуство на санитарни книшки за вработените, пуштање во промет на небезбедни производи и неправилно чување на храна на амбиентална температура.

Како резултат на контроли, издадени се 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Дополнително, инспекциските служби презеле мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни се уништени 640 килограми храна од животинско потекло./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button