ВЕСТИЗДРАВСТВО

Агресијата кај малолетниците, рефлексија на влијанието на социјалните мрежи и економската криза

Агресијата е чувство кое најчесто полека, но сигурно се „вбризгува“ кај лицата кои се чувствуваат осамено, се сомневаат во себе, имаат незадоволство од финансиската состојба, или пак, не примаат доволно љубов. Овие чувства најчесто се филтрираат преку социјалните мрежи и економската криза. Според училишниот и семеен психолог Ивана Велевска причините поради кои агресијата се јавува се емоционалното потекло, стресот, социјалните мрежи и финансиската состојба.

-Агресијата е се почеста појава во денешно време, не само кај возрасните туку и кај малолетниците, па дури според некои истражувања се почесто се јавува и кај деца од предучилишна возраст. Социјалните мрежи кои во последно време се достапни речиси за сите луѓе и возрасти, каде што се почесто се прикажуваат содржини со насилно однесување допринесуваат децата и младите да го копираат таквото однесување и истото да го манифестираат кај своите врсници, исто така финансиската состојба на семејството допринесува за тоа нивото на агресија да расте, појаснува Ивана Велевска.

Таа за МИА вели дека со тоа што голем број на семејства се соочуваат со економска криза, возрасните сè се почесто лути и нервозни, односно не се во можност смирено да разговараат со своите деца и да поминуваат квалитетно време со нив, при што често се случува да им забрануваат одредени работи, децата да не се ислушани, прашани како се чувствуваат и слично, што според Велевска допринесува за појава на агресија.

Агресивното однесување кај малолетниците неретко е евидентирано и во МВР Билтените, а најизразено е за викендите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button