Ахмети: Артан Груби и Перпарим Бајрами се некаде во регионот
Ахмети: Артан Груби и Перпарим Бајрами се некаде во регионот

Артан Груби и Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство, според првиот човек на ДУИ, се некаде во регионот. Али Ахмети вели дека не е истражен орган за да ја открие нивната локација истакнувајќи дека немал комуникација со нив.
“Јас не работам ниту во обвинителство, ниту во истражните органи, сигурно тие не се на места далеку од регионот, но не сум јас тој кој треба да ја открие нивната локација. Не, немам комуникација”, рече Али Ахмети, Претседател на ДУИ.
Поранешниот вицепремиер на Владата, Артан Груби, и поранешниот директор на Државната Лотарија, Перпарим Бајрами, се вклучени во истрагата за Државната Лотарија и се бараат со меѓународна потерница веќе неколку месеци. Груби и Бајрами се сомничат дека се соучесници во кривичното дело “Злоупотреба на службената должност” што предвидува казна најмалку четири години затвор. Штетата која е направена во Државната Лотарија, според Обвинителството, изнесува повеќе од 500 милиони денари или околу 8,2 милиони евра. Поранешниот вицепремиер Груби претходно беше ставен на Американската црна листа за примање поткуп со цел да го спаси од кривична одговорност поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков./Алсат.мк
Ајнур Бафќари