ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети денеска во Приштина, нема информации дали се сретнале со Груби

Ахмети денеска во Приштина, нема информации дали се сретнале со Груби

Од ДУИ до сега не се изјаснија и не дадоа никаков политички став во врска со последните активности на МВР и Обвинителството во врска со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами. Алсат се обиде да добие став од потпретседателот Арбер Адеми и од поранешниот министер Бујар Османи, но безуспешно.

Advertisements

Груби пред два дена, ја напушти државава и замина за Косово за како што напиша приватни ангажмани, а според премиерот Мицкоски, Бајрами е веќе подолго време во Косово. Груби претходно најави повлекување од јавниот живот по неговото ставање на американската црна листа за корупција, за спас на Сашо Мијалков од правдата.

Во меѓувреме, првиот човек на ДУИ Али Ахмети денеска е во Приштина, придружуван од генералниот секретар на партијата Фатон Ахмети. За време на престојот во Приштина, Ахмети го доби клучот од градот.
Сепак, сè уште не е јасно дали во Приштина ќе се сретне со својот поранешен шеф на кабинетот Груби кој пак некогаш тврдеше дека не прави ништо без наредба на Ахмети.

„Јас не сум млад, не сум дете. Но, сите знаат дека во политиката ќе правам како што ќе ми каже Али Ахмети. Ако Али Ахмети ми каже оди со СДСМ, ние ќе одиме со СДСМ, ако Али Ахмети ми каже да работам на таа стратегија, тоа ќе го правам. Се гледам себеси како негов следбеник, војник, активист, член, кој верува во него и кој е во политиката за него. За тоа влегов во политиката“, рече Артан Груби, поранешен вицепремиер.
Партијата на Ахмети испрати соопштение за Детската клиника и за барањето на Мицкоски за оставка на уставниот судија Осман Кадриу, но не и за последните случувања кои директно ги засегаат./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button