ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Партијата може без секого

Ахмети: Партијата може без секого

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, еден ден по ултиматумот даден од неговите сопартијци за итно враќање на партијата на вистинскиот пат, изјави дека неговата партија поставила стабилни структури со силна основа, но не даде дефинитивен одговор за неформирање на партиските органи и обвинувањата на неговите функционери дека изборот на партиски кадри станал привилегија на Артан Груб игнорирајќи ја волјата на партиските ограноци и подограноци. Ахмети рече дека ДУИ во овие 20 години се навикна на вакви незадоволства.

„Отсекогаш имало незадоволство, секогаш имало дебати, а пред се ова е вредност на која настојувам 20 години по ред, работите да се кажат отворено. Јавноста отворено да знае за позициите, за спротивните мислења и никој не отишол со мечот на Гилотин, но тоа е мнозинството на различните мислења . Мнозинството на ДУИ што не е анархија сака ред, сака мирна и научна дебата. И за оваа дебатата е отворена, институциите се сите функционални и ќе работиме и постапуваме според дефинираните агенди“, рече Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Запрашан дали ДУИ може да функционира без оние кои ден претходно го потпишаа ултиматумот, Ахмети рече дека партијата може без секого.

„Демократската унија за интеграција воспостави стабилни структури кои можат да функционираат и без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџит. Тоа значи дека ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, додаде Али Ахмети, Лидер на ДУИ.

Ден по писмото на 20 функционери на ДУИ со низа барања и обвинувања, Ахмети присуствуваше на настан во Гостивар заедно со вицепремиерот Артан Груби, заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, првиот човек на собранието Талат Џафери, министерот за економија, Крешник Бектеши, првиот човек на тетовскиот огранок Фатон Ахмети и други функционери.

И покрај намерата да се покаже единство, на овој настан не присуствуваше ниту еден од 20-те потписници на писмото, ниту другиот потпретседател на ДУИ, Садула Дураку, кој се уште не се појавил во ниту еден од камповите. Вчера потпретседателите на ДУИ, пратеници, градоначалници на општини, раководителите на ограноци и подограноци, членови на Генералниот совет и други партиски функционери го кренаа својот глас, според нив, за враќање на ДУИ во мисијата започната пред 18 години. Во писмото на кое се потпишани 20 функционери и активисти, меѓу кои и потпретседателите на оваа партија Изет Меџити, Невзат Бејта, поранешниот вицепремиер Муса Џафери, градоначалниците на општина Сарај Блерим Беџети и Чаир Висар Ганиу, се критикува зошто не се формирани статутарните партиски тела, што според нив ја блокира демократијата во носење на политички одлуки за партијата. Обвинувањата отидоа и подалеку, велејќи дека кадровските избори во ДУИ веќе не се одраз на ограноците и не се во согласност со вредностите на партијата, туку станале привилегија само на Артан Груби. Дваесетината потписници побараа од Ахмети да ја започне внатрепартиската политичка дебата и да работи на зачувување на единството.

„Јас не сум функционер, туку мисионер, додека земјата се уште не е влезена во Европската унија, ја постигнав целта во НАТО, така што мојата мисија се уште не е завршена и ќе ме имате на врат и во наредните 4 години”, нагласи Али Ахмети, лидер на ДУИ./Alsat.mk

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button