ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети е против поделбата на Косово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги отфрли наводните тврдења дека не бил против поделба на Косово, нагласувајќи дека дал се од себе за ослободување на Косово.

Реакцијата на Ахмети доаѓа по бројните реакции во јавноста во врска со анализата објавена од Академијата на науките и уметностите на Косово, која го апострофира Ахмети како еден од лидерите на македонските Албанци кој мирно би ја прифатил поделбата на Косово.

“Без разлика на изјавите или анализите што се прават дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов се од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата што е крвта на мојата крв и крвта на моите пријатели“, рече Ахмети.

Во анализата на Академијата на науките на Косово, со наслов „ДЕСТАБИЛИЗАЦИСКИ ЦЕЛИ НА СРБИЈА ВО КОСОВО И ЗАПАДЕН БАЛКАН“, освен поддршката што Али Ахмети ја има дадено за поделбата на Косово според Академијата, се наведува дека тој има работено и за дефакторирање на Албанците во Македонија.

„Тој успеал да доминира со некои провладини медиуми, успеал да создаде внатрешна поддршка главно преку корумпирани форми на моќ, но не успеал да го промени јавното мислење, кое во голема мера беше против поделбата на Косово. Од друга страна, поддршката што ја доби од некои албански лидери на Северна Македонија (Али Ахмети), дека мирно ќе ја прифатат поделбата на Косово, не барајќи да се придружат на Косово или Албанија за да не ја фрагментираат оваа држава, немаше гаранција дека со поделба на Косово нема да биде уништен истовремено и кревкиот мир на овој „папок“ на Западен Балкан“, се вели во анализата на Академијата на науките на Косово.

Но, Ахмети рече дека реципроцитетот меѓу Косово и Србија и взаемното признавање се иднината на Западен Балкан.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button