ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети и Ковачевски прифатиле обесштетување на бранителите од 2001 година

Поранешниот бранител Стојанче Ангелов, тврди дека добил зелено светло од страна на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за иницијативата за обештетување на бранителите од 2001 година. Ангелов, чија партија Достоинството е на власт со СДСМ и ДУИ, минатава недела се закани дека ќе ја напушти коалицијата ако нивното барање, поднесено во декември не биде исполнето. Ангелов вели дека поддршка добил на вчерашниот состанок на владините коалициони партнери.

Advertisements

Откако Ангелов рече дека поддршка добил и од Али Ахмети, реагираа од Здружението на воените ветерани на ОНА. Неговиот претседател Бесим Хода изјави дека ДУИ, која всушност произлезе од ОНА во 2001 година, пред да ги обештетува бранителите, треба со закон да го регулира статусот на воените ветерани и семејствата на загинатите борци, чиј водач беше самиот Ахмети.

„Бранителите во рок од 22 години неколку пати ги остварија своите права со уставни амандмани или дополнителни членови. Македонски воен инвалид добива 1.500 евра, за секој загинат Македонец семејството добива 800 евра, а нивните деца по 150 евра со што се стигнува до висока плата. Она што уште повеќе се игнорира и боли е фактот што не само што никогаш сериозно не се направи обид за решавање на статусот на ветераните на ОНА, семејствата на загинатите и воените инвалиди, туку тоа што до ден-денес во Уставот на Македонија, земајќи директно од југословенското законодавство, ние сме третирани како терористи и како криминалци“, велат од Здружение ОВВ-ОНА.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button