Ахмети ја објави „Заедничката декларација на албанските политички партии“
Ахмети ја објави „Заедничката декларација на албанските политички партии“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја објави како што рече „Заедничката декларација на албанските политички партии“ која го носи неговиот потпис и на лидерите на ВРЕДИ, односно на Таравари, Гаши, Касами и Меџити. Ахмети рече дека декларацијата е потпишана на 4 декември 2023 година, додека самиот ја потпишал на 7 јануари годинава. Во оваа декларација, меѓу другото, се вели:
„Ние, политичките партии потпишани подолу, имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа земјата, чувствуваме обврска дека сме одлучни сега и во иднина да соработуваме и да ко-владееме само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени за интеграција на земјата во ЕУ“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Како и на денот на изборите, Ахмети и денеска повтори дека на земјата и треба стабилност и мир.
„… психолошката војна и теророт што се спроведува, заминува, денеска заминувам јас, утре Зијадин, задутре Мендуху, Скендер…Тоа е психолошка војна, терор над членството, да не се плашат ние не сме врзани за гради и канцеларии. Ние сме на мисија, мисија која е во чест на сите присутни и на оние стотици илјади луѓе кои нè поддржуваат. Затоа, овој потпишан документ се депонира, ние потписниците знаеме каде сме го депонирале, секој спор околу овој документ е невистинит и е докажан од сите наши сојузници и пријатели кои се заинтересирани оваа земја да оди напред, а не да стои во место“, додаде Али Ахмети, претседател на ДУИ .
Ахмети имаше уште една порака на крајот.
„Играта сѐ ушт не е започната!“/Алсат.мк
Авни Тахири