ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети најавува битка за зачувување на Охридскиот договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети придружуван од останатите лидери на коалицијата Европски фронт денеска за медиумите изјави дека го започнуваат својот пат за спречување на мајоризацијата што го отежнува соживотот и ги покани граѓаните да им се придружат во обидот за зачувување на легитимитетот на Охридскиот договор. Осврнувајќи се на договорот за заедничко владеење меѓу ВМРО и ВЛЕН, Ахмети рече дека тој Фронтот не води битка за власт, туку целта е да се  осигура дека земјата ќе оди напред. Првиот човек на ДУИ не кажа кои се следните чекори на коалицијата, но рече дека имаат агенда. Во Собранието нема да бојкотираат.

Advertisements

„Овде, секако, е длабоко прекршен Охридскиот договор бидејќи Охридскиот договор треба да се чита со дух и буква по буква. Не дозволуваме во духот ниту во буква да се прекрши ниту да се повреди и ние сме целосно мобилизирани и организирани во одбрана на легитимитетот. Луѓето не прашуваат зошто да гласаме кога некој одлучува над наша волја. Не станува збор за бојкот. Ќе ги искористиме сите демократски механизми во одбрана на легитимитетот. Ние сме во одбрана на легитимитетот и воопшто нема да се повлечеме затоа што сме во право“, рече Ахмети.

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ рече дека била  нацистичка против Америка и против НАТО. Ахмети рече дека мандатарот за формирање влада е одговорен за тоа што ќе се случува во државата.

„Одговорноста  ја има мандатарот. Фронтот не е мандатар и одговорноста за стабилноста, за добрите меѓуетнички односи, за важните процеси во кои се наоѓаме и во однос на соседите и во однос на Брисел,  е на мандатарот“, додаде Ахмети.

Претходно, Фронтот не ја исклучи можноста за организирање протести, но вчера на конститутивната седница пред Собранието  немаше протести.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button