Ахмети не го дава Груби

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува одлуката на американскиот Стејт Департмент неговата десна рака Артан Груби да биде ставен на црната листа. Тој вели дека Груби има право да се жали. Ахмети не планира да го исклучи Груби од партијата, рече дека одлуката е негова. На прашањето дали стои зад постапките на Груби за кои е обвинет, Ахмети не даде конкретен одговор, нагласувајќи дека реализацијата на партиската програма е должност на секој член.
„Мислам дека господинот Груби е одговорен и совесен. Нема потреба да се отстрани од партијата. Господинот Груби секако ќе се повлече од сите партиски функции“, рече Ахмети.
-Дали стоите зад неговите постапки бидејќи тој рече дека го направил сето она што вие сте му рекле да го направи?
„Господинот Груби беше член на ДУИ, тој беше личност која четири години ја водеше владата на РСМ. Се разбира, одлуките што произлегуваат од платформата, од изборната програма на ДУИ, се обврзувачки за секој член, без разлика на неговата позиција. Дали на високо или на секундарни нивоа, има одговорност за реализација на платформата и програмата“, додава Ахмети.
Артан Груби уште од почетокот на политичката кариера во ДУИ напредуваше со големи чекори. Тој стана најблизок човек на Ахмети, кој му ја довери функцијата шеф на кабинет, а потоа стана организационен секретар на ДУИ. „Овластувањето“ на Груби во ДУИ го зголеми незадоволството, кое кулминираше со револт внатре во партијата со формирањето на таканаречената „Огнена група“. Но, и покрај кревањето на гласот на голем дел од членството, првиот човек на ДУИ реши да го задржи Артан Груби до себе и да им го сврте грбот на „Огнените“. Ахмети и Груби заедно ги делеа и службените канцеларии во кои прославуваа родендени, се организираа приватни забави, се играше фудбал.
„Ако се налутиме со Европа, Америка не помирува, ако се налутиме со Америка, нема кој да не помири“, велеше Груби.
Зекирја Хаџиу