ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Пописот да не се претвори во бесмислена политичка битка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коментирајќи ги гласините за пописните резултати, рече дека овој процес не треба да се претвори во политичка битка. Според него, резултатите од пописот се прифатени од сите институции во земјава и од релевантните меѓународни организации. Ахмети упати и апел до сите политички партии да не ги политизираат и електризираат состојбите меѓу етничките заедници.

Advertisements

„Пописот, статистиката во државата не треба да се претвори во бесмислена меѓуетничка битка. И јас сум граѓанин на оваа држава и ги гледам реакциите, но ми се чини дека сета оваа битка се врти за освојување политички поени и рејтинзи на политички план. Овој статистички потфат е управуван, следен од релевантни институции на ОН со експерт од областа на статистиката и ова е резултатот. Овие резултати се политички поддржани и од ЕУ и од САД. Ако отвориме спорови, Албанците ќе кажат дека не се регистрирани 200 до 300 илјади, Македонците исто, Србите, Турците исто и што прават, ја претвораме нашата земја во арена на дебати што не водат никаде освен внатрешни иритации на етникуми. Во секоја земја има 1-12 отсто од населението кое не е регистрирано. Ова можеби го направиле наши граѓани кои не се јавиле на повикот на државните институции за попис“, изјави Ахмети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button