ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети се ракува со луѓето кои порано ги нарекуваше „злобници“

Субјектот кој излезе од славната војна на ОНА, со декларирана албанска и национална кауза, заврши во партија отуѓена од политичката матрица. Лидерот на овој субјект, кој партиските војници и поддржувачите го нарекуваат командант, им подаде рака на оние кои до вчера ги нарекуваше злобници. ДУИ се ажурираше во мултикултурен субјект.

Advertisements

На последните локални избори, субјектот на Али Ахмети ја промени својата идеологија. Од заложбата за унапредување на правата на Албанците и спроведувањето на Охридскиот договор, премина во партија со зелена агенда, иако идејата пропадна во најголемите албански општини. Дури и кампањата на оваа тема од патриотска песна се претвори во урбана кампања.

Коалицијата со партиите кои беа основани за да се спротивстават и да ги поразат политиките на ДУИ го натера Ахмети да им пружи рака на субјекти од други политички блокови, како што се Турците, Ромите и други. Ахмети стиска заби во време кога албанската опозиција за која тој со години повикуваше, се обедини и го предизвикува на изборите на 8 мај.

Во отсуство на албански политички партнери, Ахмети наиде на поддршка од субјекти од други етникуми во време кога бара претседател Албанец, се удира по градите за премиер Албанец и гарантира отворање на преговорите и членство на земјата во ЕУ. Сите овие барања Ахмети ги упати во име на борците на ОНА, барајќи меч за да го пресече јазолот за правата за Албанците, како што му оставија аманет паднатите борци.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button