МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите иницијативи и да се затвори ова поглавје

За ДУИ е неприфатлива одлуката на Уставниот суд да повикува експерти за Законот за употреба на јазиците. Првиот човек на ДУИ Али Ахмети рече дека треба да се отфрлат иницијативите и да се затвори ова поглавје.

Advertisements

„За нас е важно денес, додека се таму етнички чисти, имаат морална одговорност пред македонската заедница, на оваа седница да ги отфрлат сите 13 иницијативи и конечно да го затворат ова поглавје и да не ги остават работите отворени“, рече Ахмети.

Од друга страна, коалицијата ВЛЕН е задоволна од денешниот епилог во Уставниот суд. ВЛЕН вели дека ќе го брани албанскиот јазик до крај.

„Тоа што го кажавме пред неколку недели се потврди денеска. Ништо не се случи денеска и никогаш нема да дозволиме деградација на албанскиот јазик. Денес триумфираше факторизацијата на ВЛЕН, како дел од оваа демократска власт. Кога рековме дека албанскиот нема да биде засегнат, тоа и се случи. Денеска одовде велиме дека албанскиот јазик ќе напредува уште повеќе и подобро“, рече Ријад Шаќири – ВЛЕН.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и ДУИ знаела дека ништо нема да се случи.

Законот за употреба на јазиците е усвоен во 2018 година, а стапи на сила во 2019 година. Со уставните иницијативи се оспорува речиси целиот закон, освен членот 1 кој се однесува на македонскиот јазик и кирилското писмо.

Зекирја Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button