Ахмети во писмото што го испрати вчера, бара од Мицкоски да изврши влијание кај уставните судии за Законот за јазиците
Ахмети во писмото што го испрати вчера, бара од Мицкоски да изврши влијание кај уставните судии за Законот за јазиците

Премиерот Христијан Мицкоски го прочита писмото на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Тој рече дека Ахмети побарал од него да изврши влијание врз уставните судии по предметот за Законот за јазиците, прво обвинувајќи ги судиите дека ја спроведуваат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Писмото на Ахмети го коментираше и првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами. Тој вели дека ахмети времето во опозиција треба да го искористи за реформи во партијата.
„Ќе му предложив да направи добра реформа на партијата и да се подготви за следните избори. Продолжуваме со реализација на проекти во интерес на граѓаните и за подобрување на секојдневниот живот на локално и централно ниво. Али Ахмети сега има време во опозиција, да пишувам писма, но одговорите ќе ги добие од народот на претстојните избори“, рече Билал Касами, ВЛЕН.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, вчера му пиша на премиерот Мицкоски во кој го предупреди дека секое нарушување на меѓуетничките односи може сериозно да има последици врз внатрешната кохезија во државата. Тој претходно им напиша на дипломатите, поранешни дипломати и меѓународните лидери за истата загриженост во врска со укинувањето на балансерот и Законот за јазици.
Поранешниот американски дипломат и професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер го коментираше писмото на Ахмети. Сервер вели дека за проблемите кои Ахмети ги споменува во писмото треба да решаваат граѓаните на Македонија, а не некој од надвор.
„Целта на писмото е да генерира потези од САД и ЕУ. Не се сомневам во јазичното прашање. Охридскиот договор е јасен на оваа тема. Неопходно е секој јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението да биде официјален заедно со македонскиот јазик. Не разбирам како можете да ја доведете во прашање оваа обврска без да создадете повеќе проблеми отколку што веќе има Северна Македонија. Ова беше важен дел од мировниот договор од 2001 година и важно е да се зачува“, рече Даниел Сервер, поранешен американски дипломат, професор.
Што се однесува до Балансерот, Сервер вели дека не е љубител на квоти, но ако не се изјасни етничката припадност нема да го спречи етничкото вработување. Според него, имињата покажуваат кој од која етничка припадност е. Администрацијата, вели тој, треба да ја одразува етничката различност, додека Албанците имаат предност при квалификациите бидејќи знаат два јазика. Сервер е експерт и познавач на случувањата на Балканот./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши