ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

АХВ апелира на внимателност при набавката и чувањето храна за да се избегне потенцијално труење

По најавата на УХМР дека дневните температури ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени во одредени делови од државата, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира граѓаните да прават правилен избор при набавката, транспортот и чувањето на храната која ја консумираат за да се избегне потенцијално труење.

„Неопходно е да се направи правилен избор на храна и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени места каде што има соодветни услови за чување и каде што производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди“, соопштија од Агенцијата.

Advertisements

АХВ препорачува граѓаните да избегнуваат да купуваат и консумираат храна со оштетена амбалажа, односно амбалажа која е нагмечена, надуена или напукната, разладените или замрзнатите производи да ги купуваат на крајот на пазарењето, а лесно расипливата храна да не ја чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства на несоодветна температура. Се препорачува и да се одбегнува купување на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button