ВЕСТИЗДРАВСТВО

АХВ ќе спроведе инспекциски надзори во сите училишта на територија на општина Карпош

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведе инспекциски надзори во сите училишта на територија на општина Карпош каде фирмата „Ванила фуд“ доставува храна, откако во дел од нив се појавија случаи на ученици заболени од салмонела. Како што информираа вчера од Општина Карпош, учениците во петокот за појадок имале мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.

Advertisements

„Превентивно, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведат вонредни инспекциски надзори во кујните на сите училишта во оваа општина кои со храна ги снабдува овој оператор, поточно и оние училишта каде нема потврдено случаи на заразени ученици со салмонела. По завршување на вонредниот надзор и по добивање на резултатите од лабораториските тестирања, јавноста ќе биде известена за резултатите и причинителот“, информира директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека во соработка со АХВ и Центарот за јавно здравје вчера спровеле вонреден инспекциски надзор во кујните во основните училишта „Владо Тасевски“ и „Димо Хаџи Димов“ и во магацинскиот простор на „Ванила фуд“, а во текот на денов со инспекцијата ќе бидат опфатени и училиштата „Јан Амос Коменски” и „Војдан Чернодрински”.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button