
Аитана Бонмати, потпиша нов четиригодишен договор со Барселона и според ESPN новиот договор ќе ја направи најплатена фудбалерка во светот, иако не е откриена висината на нејзината плата.
26-годишната шпанка имаше договор со Барселона до 2025 година и за неа имаше сериозен интерес од голем број клубови. Челзи беше подготвен да плати три милиони евра, сума колку што беше клаузулата за раскин на нејзиниот договор, но, сепак Барса немаше намера да се раздели со Бонмати.
Бонмати е играч на Барселона од младинските категории. Таа има 269 натпревари и 95 голови за клубот. Со каталонците пет пати ја освои титулата во Шпанија и три пати Лигата на Шампионите, а и помогна и на Шпанија да дојде до светската титула минатата година. Каталонскиот клуб неодамна го обнови договорот и со двократната освојувачка на Златната топка, Алесија Путејас.