
Ајкут Туран официјално ја прифати функцијата генерален директор – извршен директор на ФК Шкупи. Туран е десната рака на новиот претседател Јасин Коњали, а истиот доби целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната 2024/25. Десна рака ќе му биде спортскиот директор Ндерим Неџипи, соопштуваат од клубот од Чаир.
За Ајкут Туран, кој по потекло е од Косово, Шкупи ќе биде неговиот прв клуб кој работи надвор од Турција, каде што претходно соработуваше со клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор, каде што работеше со млади фудбалери, помагајќи им во градењето нивната фудбалска кариера.
Дипломирал на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“, на Факултетот за физичка култура, гранка, спортски менаџмент.