СПОРТ

Академија Пандев против Македонија Ѓорче Петров во полуфиналето на Купот на Македонија

Денеска во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот, Академија Пандев, ќе се соочи со Македонија Ѓорче Петров и ова е повторување на минатогодишното финале, каде што тимот од Ѓорче Петров ќе бара одмазда за поразот. Во второто полуфинале, Струга Трим Лум ќе го бара својот прв пласман во финалето на Купот на Македонија, а ќе се сретне со Силекс. Поради пандемијата со „Ковид 19“, ќе се одржи само еден полуфинален натпревар, кој е закажан за 7 април, во 15 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button