Ако германската економија „се накашла“ ние ќе добиеме грип, вели првиот човек на Стопанската комора

„Ако германската економија се накашла, ние ќе добиеме грип“. На овој начин првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески го објаснува влијанието што Германија го има врз нашата економија.
Претседателот на Северозападна комора, Менди Ќира, рече дека заедно со Стопанската комора ќе ги вложат сите напори за изнаоѓање соодветни форми за решавање на проблемите со кои се соочува државата .
„Еден од најважните проблеми на микро и малите компании е енергијата, и секако ќе бараме од Владата да најде посоодветни форми за решавање на овој проблем“, рече Ќира.
Ќира додаде дека покрај енергетските проблеми, земјата се соочува и со проблемот на човечки ресурси и заминување на работна сила. Вети дека ќе се направат напори за ублажување на овој проблем.
Ајнур Бафќари