ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако има иницијатива за средба меѓу Сиљановска и Желјазков на Самитот во Хаг, треба да се прифати – вели премиерот

Ако има каква било иницијатива за средба меѓу претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Желјазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, тоа треба да се прифати, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тој нема да присуствува на истиот самит, затоа што, според ротацијата, сега на ред е претседателката, откако тој присуствуваше на последниот Самит на НАТО во Вашингтон.

Advertisements

Тој додаде дека ќе побара состанок со претседателката Сиљановска-Давкова, со цел со неа да разговара на оваа тема.

„Ако има каква било иницијатива за средба на ниво претседател-премиер тоа треба да се прифати без разлика што јас нема да бидам таму, тоа е мојот став и убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, да покажеме дека неколку стотини наши граѓани, кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, дека тоа не е проблемот, туку има многу поголем проблем, тоа е политика стара децении, тоа е стратегија која се пишувала, говорела, внимателно се создавала и без квинслинзи овде кај нас, не можела да се спроведе. За жал такви имаше во минатата влада“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button