ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ако има пропусти, ќе има одговорност – вели Таравари за пациентот што почина на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе се бара одговорност доколку имало пропуст или грешка за пациентот Т.А. од Скопје, кој почина на Клиниката за кардиохирургија. Но, детали министерот најави откако денеска ќе го види извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од извршениот вонреден инспекциски надзор во државната кардиохирургија.

Advertisements

„Аневризма на аорта е сериозна дијагноза. Сè уште не сум го прочитал извештајот. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела, меѓутоа кога ќе го видам извештајот ќе знам точно“, рече Таравари денеска во одговор на новинарско прашање.

За тоа дали ќе се бара одговорност и дали инспекција ќе биде пратена и на приватната клиника од каде што пациентот бил вратен оти кај нив не можело да се оперира на товар на Фондот туку само приватно, Таравари беше со став:

„Секако дека треба доколку е вистина оти и во приватните клиники немало можност за операција“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button