ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако имаат доблест, нека излезат пред нас – родителите на загинатите деца ги повикаа пратениците

Членови на семејствата се собраа пред Јавното обвинителство во Скопје, од каде повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.

Advertisements

Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни структури во државата.

Од Јавното обвинителство, семејствата на настраданите се упатија кон Собранието каде во тек е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, излезе и им кажа на членовите на семејствата дека побарале можност да влезат во Собранието на интерпелацијата на Тошковски.

Еден од родителите присутни на маршот ги обвини надлежните од Обвинителството дека се партиски луѓе и посочи дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни партиски структури во државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button