ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако имате потреба сменете ги пасошите сега за да нема метеж летото, апелира Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, повика граѓаните сега да ги менуваат пасошите за да се избегне метежот во текот на летото, нешто што се случи минатата година.

Advertisements

„Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните гужви“, вели Спасовски.

Во 2021 година, според податоците кои тој ги објави, во просек месечно имало по 18 000-24 000 барања за пасоши, а вкупно лани биле изработени 346 773 пасоши. Бројот на изработени лични карти пак, за минатата година изнесува 321 216.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button