
Шпански „Релево“ пишува дека Реал Мадрид веќе има подготвена замена доколку Карло Анчелоти не успее наскоро да ги подобри резултатите на тимот. Станува збор за Сантијаго Солари, поранешен играч и тренер на Реал. Солари беше на клупата на Реал од 2018 до 2019 година откако го наследи Хулен Лопетеги. Го предводеше Реал на 32 натпревари и забележа 22 победи, две нерешени и осум порази.
Потоа беше заменет со Зинедин Зидан. Солари потоа ја водеше мексиканска Америка од декември 2020 до март 2022 година и моментално е невработен.
Солари е во системот на Реал од 2013 година. Ги водеше младинските и Б селекциите, а сега според информациите од Шпанија повторно е прв кандидат за привремено решение во случај Анчелоти да не го оствари тоа што го планираше во текот на сезоната.
Солари во својата играчка кариера настапуваше за Ривер, Атлетико Мадрид, Реал, Интер, Сан Лоренцо, Атланта и Пенарол. Реал моментално е трет во Примера со два натпревари помалку од Барселона и седум бода заостанување.