ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако казните ги платат брзо, функционерите на ДУИ ќе заштедат по 10 евра

Полицијата ги испратила сите 15 казни до функционерите на ДУИ затоа што го славеа роденденот на лидерот на партијата Али Ахмети без маски. На домашна адреса полицијата вчера испрати платни налози по 20 евра за осум лица – меѓу нив Ахмети, Артан Груби, како и до Бујар Османи. Останатите седум се доставени денеска. МВР казнена белешка му испратила и на Назим Буши, заменик-министер за полиција. Се обидовме да прашаме во ДУИ, дали и кога ќе ги платат казните, бидејќи ако платат брзо, функционерите ќе заштедат по 10 евра.

Advertisements

И додека полицијата ги испорача казните од по 20 евра затоа што функционерите на ДУИ се фотографираа и не носеа маски, веќе утре се очекува Трудова инспекција да оди во Министерството за политички ситем и односи меѓу заедниците. Инспекцијата ќе биде во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде се новите работни простории на министерството со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби. Тој вчера побара државата да ги казни функционерите, кои освен церемонија за пуштање на новиот објект, направија и мала роденденска забава за лидерот на ДУИ кој пред три дена наполни 62 години. Дополнително инспекцијата треба да даде одговор, дали функционерите ќе бидат казнети и поради забраната за групирање на повеќе од четири лица, како на затворен, така и на отворен простор. Во меѓувреме, универзитетската професорка, Мирјана Најчевска побара оставка од Груби како домаќин на собирот. Активистот Марјан Ненов пак, поднесе кривична пријава против функционерите, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побара граѓаните на посебен телефон да пријавуваат собири на повеќе од четири лица.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button