Ако кражбите на вода не престанат Струга ќе остане без вода

Во Струга и струшко на големо се краде вода. Стотина случаи на кражба деновиве откриле тимовите на јавното претпријатие Водовод и канализација, кои заедно со полицијата и општинските инспектори беа на терен. Ова се случува во време кога градот се соочува со рестрикции на вода во ноќните часови од 12 до 5 часот наутро, кога високите температури уриваат рекорди.
„Повеќе од 60% во попладневните часови се злупотребува водата по бавчи и паркови.Тоа е голем проблем. Знаеме дека економската состојба е тешка.Цела недела ги молиме граѓаните да не крадат, бидејки сакаме печалбарите да ги чекаме со вода, бидејки тие доаѓаат на одмор“, рече Дашмир Насуфи-директор на Водовод Струга.
Од Водовод најавуваат казни за несовесните граѓани.Казните се движат од 1000 до 3000 евра и следува исклучување од водоовдната мрежа. Во меѓувреме градот се соочува со рестрикција на вода, секоја вечер од 12 до 4 часот наутро.
„Во моментот е стабилна состојбата со изворите.Има вода.Имаме потпопни пумпи, преку ноќ правиме рестрикции и ги полниме резервоарите за да во текот на денот состојбата да е стабилна.Но се уште нема свест кај граѓаните“, додава Насуфи.
Граѓаните се ревотирани.
„Вода имаме, езеро имаме, река имаме, а вода нема. Како може тоа. Срамота е“…
„Со шишња се капев. Има проблем. Толку вода да има во Струга, а да има проблем“…
„Многу голем проблем има со водата. По цела ноќ нема вода, ни за капење, ни за пиење. Сега внуците ќе ми дојдат од Швајцарија и подобро да не дојдат“, реагираат граѓаните.
Од Водовод велат дека рестрикциите зависат од тоа дали граѓаните ќе го сменат однесувањето.
Мики Трајковски