ВЕСТИСВЕТ

„Ако нападнете еден од нас, сте нè нападнале сите нас“ – Фон дер Лајен најави контрамерки за царините на Трамп

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во видео-обраќање на повеќе јазици – англиски, германски и француски, ги коментираше новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Advertisements

Според неа, американските трговски мерки претставуваат тежок удар за светската економија. Фон дер Лајен истакна дека Европската Унија подготвува контрамерки доколку не успеат преговорите.

„Веќе го финализираме првиот пакет контрамерки како одговор на царините за челик. Дополнително, подготвуваме нови мерки за да ги заштитиме нашите интереси и компании, доколку преговорите не дадат резултат“, изјави Фон дер Лајен во Самарканд, Узбекистан, каде што учествуваше на самитот за партнерство меѓу ЕУ и Централна Азија.

Таа предупреди дека последиците од американските царини ќе бидат огромни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button