ВЕСТИСПОРТ

„Ако не е безбедно, ќе ги откажеме Олимписките игри без трошка двоумење“

Иако Олимписките игри веќе се одложени за една година поради пандемијата на вирусот корона, тие можат да бидат целосно откажани од истата причина.

Ова го потврди Тоширо Никаи, генерален секретар на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) во Јапонија.

Јапонија се соочува со сѐ поголем број на лица заразени со вирусот, а бројот е голем и во Токио, каде се закажани игрите.

„Ако инфекцијата поради Олимписките игри, повторно почне да се проширува, не знам која е поентата на Олимписките игри“, рекол Никаи.

Иако организаторите често излегуваат во јавноста велејќи дека Игрите ќе се одржат безбедно, Никаи е многу повнимателен.

„Ќе мора да донесеме одлука врз основа на тоа што ќе се случи тогаш. „Ако одржувањето не е безбедно изводливо, ќе мора да ги откажеме без трошка двоумење“, додал тој.

Да потсетиме, Олимписките игри се планира да се одржат од 23 јули до 8 август.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button