ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако некому пречи моја средба со Македонци од кој било дел од светот тоа е негов проблем, вели Пендаровски

Додека сум на функција последниве две и пол години немам никого одбиено за средба, вели претседателот Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање во врска со реакциите од бугарското МНР по неговата средба со претставници на здружението на Македонци од Бугарија, ОМО Илинден Пирин. Како што додаде тој, средбата нема ниту еден елемент спротивно на договорот за добрососедство од 2017 година.

Advertisements

„Ако некому му пречи средбата на претседателот на Република Северна Македонија со Македонци било каде во светот, тоа е друга работа и тоа не е мој проблем или не би требало да биде наш проблем. Нема никаква позадина во средбата. Едноставно, здружението ОМО Илинден Пирин, побара да се види со мене“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button