СПОРТФУДБАЛ

“Ако освоиме три бода, имаме шанси да играме на Европското првенство“

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за следниот предизвик, тоа е натпреваротсо Украина во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

Advertisements

Пред дуелот, кој е закажан во Прага, своите импресии ги сподели Бојан Миовски од шкотски Абердин.

 

„Имавме позитивни резултати во последните два натпревари со Италија и Малта и има една одлична и позитивна атмосфера и мора да го задржиме тој моментум, па да го искористиме на најдобар начин. Мечот со Украина е најважен, ако победиме, ќе ги направиме интересни работите во групата и секако дека имаме шанси за тоа второ место.

 

На секој натпревар целиме на три бода, се надевам дека сите кои ќе бидат на теренот ќе бидеме сплотени како екипа за да го израдуваме македонскиот народ. Секој меч е различен, се се случува со причина и сега сме фокусирани само на Украина. Ако освоиме три бода, ќе имаме огромни шанси да играме на Европското првенство“, изјави Миовски.

 

Нашиот национален тим веќе играше со Украина во Скопје, а покажа две различни лица. На полувремето водеше со два гола, ама на крајот доживеа пораз од 2-3. Дуелот е закажан на 14 октомври со почеток од 15:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button