Актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во градот Санта Фе, Ново Мексико, заедно со неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава.
Полицијата во округот Санта Фе вчера попладне ги открила телата на 95-годишниот двократен оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче. Нема сомнеж за кривично дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, денеска ја потврди веста.
„Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата попладне во нивниот дом на Сансет Треил. Истрагата сè уште е во тек, но во овој момент нема причина да се верува дека овие смртни случаи се резултат на криминална активност“, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе во Ново Мексико.