ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Aктивен пожар над липковските села Лојане и Ваксинце

Трет ден е активен пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.

„Во пожарот во кој е зафатена сува треба и нискостеблеста шума екипи на ‘Национални шуми‘ интервенираат со моторни возила“, велат оттаму.

Advertisements

Пожарот е локализиран и е спречено тој да се прошири кон Лојане.

Пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеа пожар и во атарот на селата Клечовце-Дозвезнце.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button