ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Активни четири пожари во земјава, ангажирани и хеликоптери

Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК.

Advertisements

Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар).

Во Општина Чучер Сандево: помеѓу село Блаце и село Чучер зафатена е мешана шума и ниска вегетација. За негово гаснење од утрово во пет часот  ангажирани се два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, како и три возила на Дирекцијата за заштита и спасување – еден хермелин со цистерна, еден пинцгауер на и едно теренско возило „амарок”, дејствуваат како поддршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце, кој изби вчера во попладневните часови.

Како што изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, најверојатна причина за пожарот во оштина Чучер Сандево е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button