МАКЕДОНИЈА

Активни десетина пожари во Македонија

Во текот на изминатите неколку дена, пожарникарите се борат со пожарите што ја зафатија земјата, од кои некои се на тешко достапни подрачја. Моментално, активни се 10 пожари, а регионот на Македонски Брод е најпогоден, со регистрирани три активни пожари. Дирекцијата за заштита и спасување вели дека човечкиот фактор е причина за пожарите.

Advertisements

Градоначалникот на општина Крива Паланка побарал помош и од соседните општини за гаснење на пожарот во населба Лозаново, бидејќи вели дека домовите на жителите од оваа област се изложени на ризик од пожарот.

И во општина Чашка помеѓу местата наречени Изворите на Бабуна и Бабина Дупка има пожар , односно се издига чад во карпестиот предел, во општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Чупер, гори мешана шума и ниска вегетација. Во општина Дојран, во селото Николиќ, гори шума со ниски дрвја, во општина Кавадарци, во селото Крушевица, гори ниска вегетација.

Во меѓувреме, вчера Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради зголемувањето на случаите на пожари.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button