ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Активни и со јак интензитет пожарите во повеќе региони во државата

Активни и со јак интензитет се пожарите во повеќето региони во државата. Во штипскиот регион пожарот зафатил и три куќи, а затворен за сообраќај беше и патниот правец Делчево – Пехчево. Во Делчево поради сериозната состојба се апелира и за рационално користење на водата. Интервенираат пожарникарите, припадниците на Армијата, а пристигната е и специјална екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе.
Согласно состојба со пожарите до 8 часот, во штипски регион уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, маало Пасјак, и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот го зафатич маалото Балабанци, при што зафатил и три куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка Маала каде досега изгореа три плевни.
Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево бил затворен за сообраќај.
Со пожарот е зафатена површина од околу 900 Ха со борова шума и нискостеблести растенија.
Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот.
Интервенираат 200 припадника на АРСМ, 25 вработени во ШС Голак – Делчево со четири теренски возила, ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, две цистерни и едно теренско возило, пет припадника на Гранична полиција со пет теренски возила, три припадника на ПС Делчево со едно теренско возило, ЈПКД Брегалница со 10 вработени со две ровокапачи, теренско возило со еден тон вода и еден џип; РЦУК Делчево со еден вработен, ТППЕ Македонска Каменица со четири пожарникари со едно теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и едно комби; 25 пожарникари, три ППВ цистерни и две санитарни возила од Р.Бугарија и волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.
Во гаснењето на пожарот ангажирани биле и четири хеликоптери. Пожарот е сеуште активен и бргу се шири во правец кон маалото Пасјак и кон селото Трабовиште и се има префрлено на територијата на општина Пехчево.
Екипа на ЕВН ја прекинала испораката на електрична енергија на филтер станицата и бунарските системи поради што ќе има прекин во водоснабдувањето од бунарите со што значително ќе се намали протокот на вода во Делчево и повисоките делови од градот нема да имаат вода.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button