ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Акција на МВР и „тигрите“: Уапсени осомничени за убиство, запленети оружје и дронови

Екипа од полициската единица за насилен криминал и припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, вчера, 10 ноември, по претреси на повеќе локации во Скопје, уапсиле четири лица кои биле осомничени за убиство, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Без да соопшти повеќе детали за кој случај на „убиство“ се работи, МВР информираше дека од слобода се лишени И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје.

„При претресите извршени кај И.А. во с.Визбегово, скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, кај Н.А. на подрачјето на Бит Пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела“, соопшти портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button