ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Акција за чистење на дивите депонии во Битола

Во текот на денот е спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола. Од Општината информираат дека по детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја исчистиле месноста наречена Кркардаш.
“Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња. Координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии”, стои во објавата на официјалната Фејсбук страна на Општината.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button