Акцијата „Рибар“ ја проширува истрагата и кај големите „риби“

Акцијата „Рибар“ ја проширува истрагата и кај големите „риби“. Од новите детали во врска со вчерашната операција на Финансиската полиција, се дознава дека се гонат и јавни функционери и нивни посредници, кои имале директни врски со местење на тендери со фиктивни фирми. Директорот на финансиската полиција Арафат Мухареми рече дека акцијата продолжува и очекува Обвинителството да истражи за можна вмешаност на функционери.
„Во оваа мрежа досега не успеавме да ги откриеме медијаторите со кои се поврзани државните функционери. Но, цело време обвинителот бил информиран за какви тендери се зборува и верувам дека во истражниот процес обвинителот ќе испрашува и лица кои тогаш биле или се уште се на позиции. Овие бројки и шеми што ги користат државните претпријатија и државните институции заедно со посредниците ќе продолжат и ние ги следиме “.
Управата приведе 20 физички лица, вклучувајќи банкари, сметководители и бизнисмени од 15 фирми, од кои половина беа финктивни. За време на банкарските трансакции преку фиктивни фактури кои ги имаат склучено поддоговорите со лица за да стигнат до „готовина“, Финансиската полиција ја открила и шемата за кражба од буџетот. Осомничените местеле јавни тендери во периодот 2015 – 2017 година со Град Скопје, општина Тетово и Гостивар и ЈП „Македонски шуми“, така што компаниите што ги добиле тендерите биле принудени да им даваат на нарачателите 20% во готовина. За Министерството за внатрешни работи, истрагата треба да се фокусира на лица кои се дел од институциите.
Обвинителството за организиран криминал и корупција вели дека предистражната постапка продолжува, иако синоќа отвори истрага за 13 од уапсените под сомнение за кривично дело финансиско затајување и Злоупотреба на службената положба. Правните лица Мартони од Тетово како и три од Скопје, Голд, Диамонд и Ваиб Електроник направиле 96 фиктивни фактури со кои наводно испрале долгови кон фиктивни компании како Росен, Аскинг, Делотроник, Алдинг итн. а од последниве ги извлекле парите, без да стигнат да ги оправдаат со работата за која добиле тендери.
Adnan Qaili