
Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, што важат и за државјаните на Северна Македонија, остануваат непроменети, како и во изминатите месеци, а единствената промена е што се продолжени за две, наместо за една седмица, како што беше пракса досега, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапи утрово во сила, важи до 12 ноември 2021 година во шест часот наутро.
Сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата.